За претседателот на државата Стево Пендаровски, прифатлива е идејата на украинскиот претседател Зеленски ранети и повредени украински војници да дојдат на рехабилитација во Македонија.



На Балканот ваква помош Украина веќе доби во Хрватска.

За ова иницијатива претседателот на Украина, Володомир Зеленски дискутирал со претседателите на Македонија на самитот Украина–Југоисточна Европа што се одржа во Тирана на 28 февруари, пренесува РСЕ.

Предлогот на украинскиот претседател уследи откако Хрватска во 2023 година, со одлука на владата прими ранети Украинци и ги згрижи во своите здравствени установи.

Од Кабинетот на Пендаровски за Радио Слободна Европа велат дека станува збор за првичен предлог од страна на премиерот на Хрватска и претседателот на Црна Гора, со оглед на тоа дека тие две држави веќе имаат искуство и капацитети за рехабилитација од воените дејствија во 90-те години.

„Идејата е начелно прифатлива за нас, при што е потребна кокретна разработка на деталите што ќе биде во надлежност на владите од земјите кои ќе изразат согласност да земат учество во оваа програма“, велат од Кабинетот на Пендаровски за РСЕ.