„Република Македонија (Скопје)“, која што според грчката телевизија Скај е меѓу предлозите што завчера им ги дал медијаторот Нимиц на Грција и на Македонија, е единствената опција што може да биде сериозно разгледувана од македонската Влада.
Според професорот Тони Десковски, кој ги коментира за Канал 5 можните предлози, оваа опција е единствената што е донекаде прифатлива, поради тоа што не задира во идентитескиот корпус прашања.
Според досегашните анализи, нацијата и јазикот не можат да бидат именувани според додавката Скопје во заграда.
Десковски е сопруг на министерката за образование Рената Десковска.
Ова решение „Република Македонија (Скопје)“ претходно беше прифатено од Владата на ВМРО-ДПМНЕ непосредно пред самитот на НАТО во 2008 година во Букурешт.




