ЦУК информира дека имаше 21 пожар на отворено во последното деноноќие и од нив активни утрово се водат седум пожари.



Владата прогласи 30-дневна вонрдна состојба…

Активните седум пожари се во Неготино, во атарот на с.Калањево (каде што гори ниска вегетација и шума);

Ново Село, над с.Бадилен, кај месноста „Шамок“ (борова шума);

Гевгелија, помеѓу селата Негорци и Кованец (мешовита шума);

Конче, кај селата Горни и Долни Липовиќ (ниско стеблеста шума –Бор);

Чашка, кај селата Дреново и Долно Јаболчиште (мешовита шума);

Долнени, над с.Црнилиште (нискостеблеста вегетација) и во Општина Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в.Хаџи Реџепли (каде што гори ниска вегетација и грмушки).

Од рано утрово веќе се дејствува по активните пожари и со неколку воздухоплови, како засилување на силите коишто гаснат од земја.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.