Републиканците ја враќаат контролата врз американскиот Сенат

 

Ова се проекциите кои рано утрово ги објави Фокс њуз.



Паралелно со претседателските избори во САД, вчера се одржаа и избори за Претставничкиот дом и за третина од местата во американскиот Сенатот.

Републиканците освоија мнозинство во Горниот дом на американскиот Конгрес откако ги освоија местата на демократите од Западна Вирџинија и Охајо.

Засега, ниту една партија се чини дека нема јасна предност во битката за контрола на Претставничкиот дом, каде што републиканците во моментов имаат тесно мнозинство.

Досега во Сенатот, кој има вкупно 100 места, демократите имаа тесно мнозинство од 51 спрема 49.