Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија (2003 и 2011) од редовите на републиканците, Арнолд Шварценегер, најави дека ќе гласа за кандидатката на Демократската партија Камала Харис на претседателските избори во САД.
„Горд сум на работата што ја направив (ако гувернер -н.з.) за да помогнам да се исчисти воздухот, да се создадат работни места, да се балансира буџетот, да се направи најголемата инфраструктурна инвестиција во историјата на Калифорнија и да се одземе власта од политичарите и да им се врати на луѓето…
…нам дека поранешниот претседател Трамп нема да го стори тоа. Ќе создава поделби, ќе навредува, ќе најде нови начини да биде понеамерикански отколку што беше, а ние луѓето само повеќе ќе се лутиме“ напиша Шварценегер во објава на „Х“.
Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември. Меѓу уметниците, Камала Харис ја поддржуваат актерите Роберт де Ниро и Леонардо ди Каприо, како и пејачката Тејлор Свифт и раперот Еминем.






