Репрезентативката Афродита Салихи: Палење знаме не е патриотизам…

Долгогодишната репрезентативка на Македонија, Афродита Салихи,  го осуди вандалскиот чин на палење на македонското знаме.



„Знамето на една земја е можен симбол на идентитетот, што ја одразува историјата, културата и вредностите на една нација. Љубовта кон знамето е безгранична и безусловна.

Не е патриотски чин знамето на друга држава, да се влече и да се запали. Ваквите постапки секогаш поттикнувале меѓуетничка омраза во мултиетничка земја. Македонија е земја во која живеат Албанци, Македонци, Турци, Роми, Босанци, Власти… Не е лесно да се прифати фактот дека сите живееме заедно, дека секој од нас може гордо да изјави дека припаѓа на една или друга националност. Живееме и дејствуваме во земја во која сме посеале злоба и омраза еден кон друг, а немаме емпатија и почит.

Многу ќе беше полесно ако имавме почит. Сите сме виновни, дури и потонати во вина, особено кога ќе помислам на фактот дека вакви човекови вредности им оставаме на потомците!

Да ја почитуваме државата, нашата нација, народот, да ги почитуваме заноните, нормите и моралните вредности.

За мене тоа е патриотизам.

За крај, казните да бидат праведни и да не се базирани на етничка припадност“, напиша Салихи.

Афродита Салихи е единствената македонска репрезентативка со повеќе од сто настапи во националниот дрес која гордо го има резвеано знамето на Македонија, земјата во која живее. Гол.Мк