Компаниите Рено и Нисан објавија дека ќе лансираат дванаесет модели на целосно електрични автомобили во наредните шест години.
„Електричните автомобили ќе претставуваат повеќе од 30 отсто од продажбата на оваа автомобилска алијанса“, рече Карлос Госн, претседателот на компанијата.



Електричните автомобили можат да бидат хибриди или целосно електрични.

Планот за продажба е прозиводството на овие модели да донесе профит од околу 240 милијарди долари. Минатата година беа продадени десет милиони од овие возила.