По огромниот пад на домашното производството на електрична енергија од термоцентралите во нашата земја минатата година прв пат има пресврт.
Бројките покажуваат дека производството на во 2021 година има најголем историски пад на ниво од 2.078,3 гигаватчаса (GWh).Факт е дека најголем дел од електричната енергија во Македонија се добива од термоцентралите.
Во вкупниот инсталиран капацитет, термоцентралите имаат најголемо учество со 39,28 проценти, потоа следуваат хидроцентралите со 27,34 отсто, фотонапонските електроцентрали со 19,22 проценти, комбинираните постројки за производство на електрична и топлинска енергија со 10,92 отсто и сите преостанати со 3,24 проценти.
Во електроенергетскиот систем во 2023 година се приклучени нови производители на електрична енергија со инсталиран капацитет од 367,3 мегавати (MW).- Најголем дел од новите електроцентрали во 2023 година се фотонапонски електроцентрали со вкупен инсталиран капацитет од 361,9 мегавати. Производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија е променливо на годишно ниво и зависи од хидролошките услови и производството на електрична енергија од хидроелектроцентралите – укажуваат регулаторите во годишниот извештај.
Целата анализа прочитајте ја тука.





