Поддршката на Доналд Трамп се намалила од 42 проценти, како што беше соопштено во април, на само 36 насто во јули, што е пад кој е нешто незабележано во поновата историја на САД. Според резултатита на анкетата на Вашингтон Пост и АБЦ њуз зголемување од пет проценти има и на бројот на оние кои во ништо не го поддржуваат американскиот претседател и сега тој изнесува 58 проценти.
Дури 48 отсто од испитаниците велат дека се “силно против”, Доналд Трамп да ја врши должноста претседателот на САД. Истражувањата покажуваат дека околу половина од Американците сметаат дека раководството на нивната земја е полошо од предходното, во споредба со само 27 отсто кои сметаат дека сега е имаат посилно лидерство.
Половина од Американците, 50 отсто, сметаат дека 45. претседател на САД лошо ги извршува претседателските должности, а помалку од 25 проценти сметаат дека на оваа позиција тој се снаоѓа подобро од неговите претходници.
Во меѓувреме, 55 отсто од испитаниците проценуваат дека Трамп не постигнал значителен напредок во остварувањето на поставените цели.





