Формиран регионален кризен штаб за пожарите со седиште во Кавадарци, со кој координира градоначалникот Митко Јанчев.
Вечерва на истиот присуствуваа градоначалниците на општините: Кавадарци, Росоман, Неготино, Радовиш, Штип, Велес, Прилеп и Чашка, командирите на ТППЕ од овие општини како и директорот на ЈП Комуналец Кавадарци, информираше градоначалникот Јанчев.
„На состанокот се донесоа следните заклучоци:
1.По најавените врнежи е неутрализиран пожарот кај местото Калањево, а останатите пожари кај Серта, од неготинска и штипска страна како и Радовиш, Росоман, Градско, Клошевица, Мрзен, Подлес, Велес, Чашка, сеуште се активни.
- Потребна e поддршка за активност од копно за:
· Велес Чашка 30 луѓе од АРМ.
· Штип Серта 20 луѓе од АРМ.
· Радовиш 15 луѓе од АРМ.
· Неготино Серта 20 луѓе од АРМ.
· Градско 20 луѓе од АРМ.
· Росоман 30 луѓе од ЕБР. - Воздушна поддршка за утрешниот ден 19.07.2024 година треба за Штип (Неготино), Велес (Чашка), Градско (Росоман) и Неготино (Штип).
4.Општина Радовиш ќе обезбеди професионален дрон за општините Неготино и Штип.
5.Општина Кавадарци ќе вклучи 10 пожарникари во Росоман и 10 пожарникари во Градско. - Јавните претпријатија од сите општини да бидат активни и да обезбедат потребни средства за гаснење на пожарот.
Заклучоците донесени на координативниот состанок на регионалниот кризен штаб стануваат правосилни веднаш, со моментот на нивното донесување” напиша Јанчев.
https://www.facebook.com/share/F91j3BjLcoc4tfQ9/?mibextid=WC7FNe






