Од 40 предмети поврзани со ревизорски извештаи, за кои ДЗР пред неполни два месеци барал податоци од Обвинителство, „Онкологија“ е единствениот што е во фаза на истрага, дел се затворени бидејќи нема основ за кривично гонење, а во повеќeто се уште траат проверките. Додека се чека епилог, Обвинителството тврди дека ги разгледува сите извештаи на ревизорите.
Јавното претпријатие „Железници – Инфраструктура“, Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), како и Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, познато како „Македонија пат“, периодов се мета на проверка од скопските обвинители. Овие три институции изминатите десетина дена беа опфатени во извештаите на Државниот завод за ревизија (ДЗР) од каде речиси секојдневно ја „бомбардираат“ јавноста со нови ревизии.
Извештаите за споменатите јавни претпријатија се распоредени во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, каде веќе се оформени предмети. Проверките треба да покажат дали таму има основ да се отвори евентуална истрага во иднина или, пак, нема елементи за некакво кривично дело. Вакви оформени случаи има многу, но епилози засега има поретко. На пример, за 40 предмети каде се користат ревизорски извештаи објавени од 2021 до почетокот на 2024 година, до крајот на мај само еден бил во фаза на истрага. Станува збор за случајот со Клиниката за онкологија, која во септември лани се најде во фокусот на јавноста по медиумските истражувања за злоупотреби со биолошката терапија за пациенти.
Линк до целиот текст:
https://www.slobodnaevropa.mk/a/revizor-obvinitelstvo-zloupotrebi-/33027874.html






