Во спектакуларна завршница на финалето на Лигата на шампоните, Реал ја победи Борусија Дортмунд со 2:0 .
На „Вембли“, Дани Карвахал и Винисиус Жуниор со головите во 74 и 83-та минута го обезбедија 15-от пехар во клупската историја на Реал Мадрид за пак да се искачи на европскиот трон.
Борусија доминираше на почетокот на натпреварот и во текот на првото полувреме во кое Реал Мадрид пружи бледа игра.
Реал Мадрид како одвај да чекаше да започне второто полувреме и набрзо ја презеде доминацијата на теренот. И дочека да поведе во 74. минута кога Карвахал со глава по нафрлување на Крос од корнер ја смести топката во мрежата.
Борусија Дортмунд како да се изгуби во играта, а кралскиот клуб беше немилосрден и Винисиус го затресе голот во 83. минута за конечна победа од 2 : 0.
Реал Мадрид славеше 15-та титула во Лигата на шампионите, порано Куп на шампионите, и загуби само три финалиња во историјата – последен пат во далечната 1981 година.
Борусија од Дортмунд остана на еден трофеј од 1997 година кога во финалето го победи Јувентус со 3:1. Потоа, како и сега, го загубија финалето во 2013 година, исто така на „Вембли“, од Баерн Минхен.






