Шефот на дипломатијата преку социјалните мрежи со своја реакција за манипулациите на грчкиот весник Етнос кој во најава на интервју со Ципрас го цитираше грчкиот премиер вон контекст и предизвика силни реакции во јавноста.
Откако беше пренесено дека Ципрас рекол дека македонската нација не постоела во антиката а не сега Димитров со своја порака до јавноста.
“Градењето мостови и пријателство бара мудрост, одговорност и трпение! Правењето и хранењето на заемно непријателство е лесно, но штетно. Поразува радоста и брзоплетоста со која некои од нас ја дочекаа лошата наводна порака од вчера. Денес знаеме дека пораката била неточна. Изјавата е подолу и се однесува на антиката. Заедничкото растење на Балканот е тежок процес, но тој нема алтернатива”, вели Димитров кој го цитира Адлај Е. Стивенсон:
“Патриотизмот не е краток неконтролиран излив на емоции, туку смирена и постојана посветеност во текот на целиот живот.”
Денеска дел од медиумите јавија дека изјавата на Ципрас се однесува на антиката.
Целото прашање и одговор од Ципрас:
„’Етнос: И со прашањето за македонската нација?
Ципрас: Македонска нација никогаш не постоела во античко време, како што не постоела и нација на Атињаните или Спартанците. Античка Македонија беше голема сила на античкиот грчки свет која се прошири, особено во времето на Александар Велики , многу пошироко од денешната географски област Македонија”.
Димитров не го коментира спорниот дел од интервјуто на Ципрас каде тој зборува за етничка идентификација поврзана со геиграфскиот регион Македонија.
“Во оваа смисла е сосема спротивно на историјата и апсурдно некои да побарат ексклузивност на Македонија и во смисла на етничка идентификација”, вели Ципрас во интервјуто за Етнос.





