Рајл: Силно блеснуваат првите македонски мугри за Горда Македонија и македонскиот народ по темната ноќ на постоењето!

„Не знам дали сме свесни за историскиот миг, пред кој се наоѓаме. Ќе го искористиме ли, или ќе го преспиеме? Но, гледајќи ја целата атмосфера на овие прекрасни и митинзи за Горда Македонија, полни со позитивна мисла, како да ги читаме пред нас Рациновите ‘Бели мугри’, како да му се разденува на македонскиот народ, кој години наназад беше притиснат во една долга и темна ноќ на постоењето!“пишува на фејсбук Мимоза Рајл директорка на Институтот за сценски уметности на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима во Скопје и професорка по естетика на аудиовизуелни уметности.



Во објавата на својот профил на општествената мрежа Рајл натаму нагласува: Како повторно да се појавуваат првите македонски мугри во сопствената ГОРДА држава. Конечно дојде мигот да бидеме свои на своето! Силно светна денот за Македонија, која со векови умираше во маки и страдања, која гореше во молњи и трескавици!

Но сега Македонија повторно како да се раѓа во белите мугри на својата историја, како куќа и дом за сите Македонци и сите оние, кои ја сакаат и ѝ се лојални на неа и како на дом на сето што е македонско од дамнина, од искона.