„Професорката Гордана Силјановска-Давкова во овој и во претходниот период, еден од најтешките за македонскиот народ и за неговото достоинство и персоналитет, самосвест, на овие бришани балкански простори, нé учеше што значи поимот интегритет во целата полност на значењето. Ни покажа со конкретни примери како да кажеме НЕ кога работите се одвиваат наспроти нашите убедувања и принципи, а на тој начин да не ја изгубиме никогаш сопствената автентичност. Како мајка на нацијата таа покажува дека нејзината улога е љубовта кон Македонија, љубов која обединува. Гордана Силјановска-Давкова е гордоста на нацијата, учејќи нé како првите наши просветители декa единствениот начин да нé почитуваат е прво да се почитуваме себе си!“ – порачува преку фејсбук Мимоза Рајл, директорка на Институтот за сценски уметности на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима во Скопје, професор по естетика на аудио-визуелните уметности, како и есеист и поет.
Во интегралната верзија на објавата на својот фејсбук-профил Мимоза Рајл пишува:
Зошто ГЛАС ЗА Проф. Д-р Гордана Силјановска-Давкова?
Уште од нејзините првични појавувања со своите харизма, мудрост и знаење каде и да се појавеше оставаше трага. Во Универзитетот, во Владата, Парламентот, во институциите, медиумите. Професорката Гордана Силјановска-Давкова во овој и претходниот период, еден од најтешките за македонскиот народ и неговиот дигнитет и персоналитет, кога ги живееме најголемите македонски маглини на овие бришани балкански простори, нé учеше што значи поимот интегритет во целата полност на значењето.
Ни покажа со конкретни примери како да кажеме НЕ кога работите се одвиваат наспроти нашите убедувања и принципи, а на тој начин да не ја изгубиме никогаш сопствената автентичност. Како мајка на нацијата таа покажува дека нејзината улога е љубовта кон Македонија, љубов која обединува.
Со своето знаење во Парламентот последниве години ги учеше и Европјаните како да си ги почитуваат и сопствените, европски закони. Застана недвосмислено на страната на оние чие право беше повредено – право да си да ја сакаат својата татковина! А сето тоа е за најголема почит.
Ако тргнеме од значењето на нејзиното име, тогаш гледаме дека професорката Гордана Силјановска-Давкова е гордоста на нацијата, учејќи нé како првите наши просветители дека единствениот начин да нé почитуваат е прво да се почитуваме себе си!
За Горда Македонија!





