Рашковски да седи мирен, ДУИ не дава да се бркаат вработените по принцип „нишај врата земај плата“

Ниту еден од Албанците кои што се вработени во владата а за кои се утврди дека со години не доаѓале на работа и земале плата нема да биде избркан од работа.



Извори во најголемата партија на Албанците тврдат дека најголем дел од овие вработени се дел од поширок меѓупартиски договор за кој одамна согласнот дале и СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ со цел да се спроведе рамковниот договор во делот на правична застапеност на припадниците на заедниците над 20 % од населението.

Истите извори тврдат дека и во општините каде што доминанти се Македонците има стотици луѓе кои што само формално се вработени и земаат плата а не работат ништо ниту доаѓаат на работа.

Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски објави дека во владата односно во генералниот секретаријат на владата биле вработени стотици неквалификувано луѓе кои што еднаш во неделата иделе на работа само за да се потпишат по што си оделе дома и немале никаква обврска во администрацијата.

Рашковски за ваквите состојби го обвини неговиот предходник Кирил Божиновски за кого кажа дека сторил „организиран криминал“.

Досега ниту од него ниту од другите институции против Божиновски не е поденесена кривична пријава за вработување и толерирање на луѓе кои што доаѓале на работа само еднаш во неделата.

Владата досега не избркала ниту еден од нив а според најавите од ДУИ тоа нема ни да се случи затоа што во таков случај партијата на Ахмети ќе бара прецизно пребројување и порамнување на процентите на вработените од македонската и албанската заедница во адмминистрацијата. Во таков случај ќе настрадаат и многу Македонци но и Срби затоа што ако се оди според процентите сеуште има простор за вработување на Албанци, е анализата на албанските партии.

Еден од тие што можат да настрадаат е токму Рашковски затоа што досега на неговата позиција никогаш немало Албанец а голем дел од тие за кои тој сега зборува како да се криминалци имаат подобри квалификации но поради својата етничка припадност не можат да дојдат до највисоки позиции, тврдат изворите кои што инсистираат на анонимност затоа што немаат дозвола од својата партија јавно да говорат на оваа тема.

Според албанскиот блок во земјата дури и со тие што не оделе на работа има диспаритет односно ни од далеку не е задоволена бројката од 20 % Албанци во јавната администрација како што според нив е предвидено со Охридскиот договор.

Проблемот на македонската аминистрација не е во неколку стотини луѓе што не одат на работа а земаат плата туку во превработеноста и тромавоста на целата адинистрација која што ќе мора да се реформира од темел ако сакаме побрзо во ЕУ, велат изворите во албанскиот блок.