Извонредниот шпански ракометен стручњак кој токму во Скопје и кај црвено црните ја искористи својата животна или барем професионална шанса кога во јуни во Келн дојде до титулата Европски клупски првак е пред договор со ПСЖ. Тој, според повеќе домашни извори, ќе биде активиран следното лето кога 47 годишниот Гонзалез ќе го напушти Вардар и ќе се пресели во најбогатиот ракометен клуб на светот.
За сега нема ниту глас од Раул, а тоа што нам ни е и поважно е дали неговото заминување од Скопје претпоставува и крај на соработката со РФМ односно прекин на неговото селекторување со најдобрата машка македонска селекција. Раул секако трба да не води на Европското првенство во Хрватска во јануари кога од 13 до 17 не очекуваат дуели во група со Германија, Словенија и Црна Гора.