Растот на минималната плата на 500 евра ќе го зголеми и процентот на работници кои ќе бидат на минималец, смета професорот Лазар Јовевски. Според него, кој е и советник по труд на премиерот, зголемувањето на минималната плата повлекува и зголемување на останатите плати, посебно на оние кои се под или малку над новиот минимум, па од сегашните 5 проценти, бројот на работници со минимална плата ќе скокне неколкукратно, што не е добро за економијата.
Наспроти ова, Министерката за финансии најави дека за Владата е прифатлив секој договор во врска со минамалната плата меѓу сидникатите и работодавачите но не одговори конкретно дали владата може да ги субвенционира придонесите за 500 евра минимална плата како што бараат синдикатите.

- „Во судир со синдикатите Јас бев многу јасна и кажав – ќе се договорат работодавачите и работниците.Колку едните можат да испорачаат, колку другите можат да платат, за нас ќе биде прифатливо сето тоа што ќе го договорат. Тие имаат дијалог меѓу себе. Што ќе прифатат таму, ние сме должни тоа да го обезбедиме. Што ќе договорат, јас како министер за финансии ќе го почитувам“, вели Гордана Димитриеска Кочовска – министерка за финансии.
Димитриеска Кочоска не ги коментираше ставовите на пратеничка од владејачкото мнозинство дека со 500 евра минимална плата ќе се зголеми инфлацијата, иако пензиите втор пат по ред ќе растат линеарно за 2.500 денари.

Слободан Трендафилов од ССМ, кој во последните дена трпи жестоки критики од власта дека ги застапува интересите на опозицијата, не остапува од барањето за зголемување на минималецот на 500 евра, а разликата за придонесите од сегашната до идната минимална плата да ја плати државата.
Синдикатите пред некол ку дена предупредија, долоку се нема слух за нивното барање, не ја исклучуваат можноста за генерален штрајк и блокади.
Од 1 март минималната плата се зголеми за 1.800, со годишното усогласување кое зависи од порастот на трошоците за живот и инфлацијата. Синдикатите велат дека тоа е премалку и бараат зголемувањето да изнесува 100 евра, колку што изнесува зголемувањето на минималната кошничка од лани до сега.





