Растот на минималецот на 450 евра камен на сопнување меѓу Владата, синдикатите и работодавачите

Со ставање потпис на спогодба денеска се конституираше новиот состав на Економско-социјалниот совет. Растот на минималната плата на 450 евра ќе биде првиот камен на сопнување меѓу синдикатите, бизнисмените и Владата. Ова е една од точките на првата седница на Економско социјалниот совет. Министерот за економија кој е избран за претседател на ЕСС, рече дека ќе се разгледаат барањата на социјалните партнери по што се очекува да се донесат заеднички одлуки и мерки.



  • Ќе ги слушнеме барањата и од синдикатите и од работодавачите, односно од сите засегнати страни, па на крај ќе донесеме заеднички одлуки и мерки по што сите страни имаме една цел, а тоа е подобрување на стандардот на нашите граѓани“, рече министерот за економија и труд.

Привиот човек на ССМ по состанокот изрази надеж дека работите може да тргант на подобро, но само ако се седне и се разговара.

  • Сметаме дека аргументите за пораст на платите се на наша страна имајки предвид дека синдиканлната минимална кошничка е веќе 1.000 евра, имајки предвид дека државите во нашите држави растат со навистина забрзано темпо“, рече Слободан Трендафилов, претседателот на ССМ.

Работодавачите се загрижени дека постојано работниците си одат. Се надеваат дека ќе се најде начин да се зголемат платите во сите сектори.

  • Она за што ние најмногу би сакале да разговараме е недостаток на работната сила, како да работиме на зголемување на продуктивноста, со тоа ќе ја намалиме сиромаштијата и бројот на луѓе кои примаат минимална плата и сите да бидат позадоволни и посреќни“, рече Владанка Трајкоска, претседателката на организацијата на работодавачи.

Економско-социјалниот совет ја одржа првата седница по формирањето на новата Влада.

За Владата е од клучно значење транспарентниот социјален дијалог. Рекоа дека сите одлуки, мерки и закони ќе се носат транспарентно, со сите засегнати страни. Според Законот, покачувањето на минималната плата треба да се случи во март идната година.