Според податоците од ДЗС евидентиран е раст од 12.7 % кај растителното производство и 6.7 % кај добиточното производство, додека трошоците пораснале значително помалку. Според премиерот Христијан Мицкоски ова се забалежув неколку месеци и е одличен знак
-Имаме двоцифрен раст на аутпутот, односно зголемување на цените кон откупувачите, коишто генерално оди за извоз, и би рекол незначителен 1,2 2 % зголемен импут во трошоците, во расходната страна на земјоделците. И тоа е веќе неколку месеци и тоа е одлично. Тоа е одличен параметар, тоа значи повеќе пари за инвестиции и повеќе пари за земјоделците“, информираше премиерот.
Што се однесува до поддршката која ја дава оваа Влада за земјоделците, премиерот напомена дека изминатата година се дадени повеќе од 8 милијарди денари, пари за исплата на заостанати субвенции од 2021 година.
„Од 2021 плаќавме од 2021, 2022, 2023-та и 2024-та година, мислам дека е заокружена. Сега треба да се размислува за тековната година. Така што од 2021 година се плаќаат заостанати субвенции од 8,6 милијарди денари, од прилика“, објасни Мицкоски.






