Руското Министерство за внатрешни работи распиша потерница по Олег Навални, братот на покојниот Алексеј Навални.



„Навални Олег Анатолиевич. Тој се бара според членот од Кривичниот законик“, се наведува во базата на податоци што ја објави ТАСС.

Руските агенции за спроведување на законот не прецизираа според кој член од кривичниот законик е покренат случајот против Олег Навални, пренесува ТАСС.

Во 2014 година Олег бил осуден на 3,5 години затвор за измама.

Да потсетиме, неговиот брат Алексеј Навални почина во петокот на 16 февруари, во сатвор на крајниот север на Русија.

Навални отслужуваше 30-годишна затворска казна за основање и финансирање на екстремистичка организација и нејзините активности, а беше познат како остар критичар на Кремљ. (Б92)