Раскол во АА на Таравари – огранокот во Чаир се дистанцира од него и порача: Никогаш со ДУИ, бараме нов лидер!

„Кризата во редовите на Алијансата за Албанците (АА) здобива нова димензија, откако целата партиска структура на огранокот во Чаир јавно се дистанцираше од лидерот Арбен Таравари и неговата одлука за напуштање на Владата. Преку симболична фотографија и кратка, но јасна порака објавена на општествената мрежа  ‘Никогаш со ДУИ’ чаирската организација стави до знаење дека не го поддржува сегашниот политички курс на Таравари и отворено застана на страната на Арбен Фетаи, кој важи како еден од  водечките личности во внатрепартиската опозиција кон Таравари.“ – објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“



Натаму агенцијата истакнува: Овој потег следува по информацијата дека потпретседателката на АА Бујаре Абази, блиска соработничка на Таравари и членка на истиот огранок на АА, е именувана на висока функција во финансискиот сектор. Нејзиното дистанцирање дополнително го потврдува растечкиот раскол во партијата. Изворите од теренот предупредуваат дека во наредните денови се очекува и други општински организации да го следат примерот на Чаир. Со ова се продлабочува внатрешната поделба во Алијансата за Албанците, особено околу прашањето за соработка со ДУИ.

Со оваа јавна изјава огранокот од Чаир испраќа силна порака за несогласување со правецот во кој се движи партијата, нагласувајќи дека се потребни нов лидер наместо Таравари и враќање кон основните принципи на партијата. – објави „Журнал“.