Денеска повторно се одложи судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој се сомничи за спорната набавка на службеното „Ауди А6“. Судењето е одложено поради обемната документација со докази што денеска ја доставила одбраната.

Обвинението за Мерко е поднесено 10 месеци откако САД минатата година во јуни го ставија на црната листа поради корупција и мешање во судски процеси. Судијката уверува дека нема да има намерни одлагања на рочиштата и оти во разумен рок ќе ги обезбедат сите докази кои ги бара одбраната.





