Струшкиот градоначалник ќе седне на обвинителна клупа во врска со . злоупотреба на службена положба и овластување при набавката на службеното луксузно возило „ауди а6“ од речиси 67 илјади евра.
Предметот против Рамиз Мерко беше инициран од Антикорупциската комисија пред неколку години која обзнани и дека токму со помош на струшкиот суд, градоначалникот Мерко го набавил луксузното возило, потсетува МРТ.
На 22-ри мај, струшкиот градоначалник повторно треба да се појави во судот, но по обвинение дека несовесно работел и именувал ве-де директорка во Лабуништа која немала соодветно работно искуство во воспитно-образовната работа.
Ремиз Мерко е на американската „црна листа“, не само за вмешаност во корупција, туку и за влијание врз судски и други процеси.






