Рама ја обвини Грција за етничко чистење

Албанскиот премиер Еди Рама ја обвини грчката влада во периодот од 1940 до 1946 година дека извршила етничко чистење во регионот Чамерија во Северна Грција.



Одговарајќи на тезите на грчки претставници дека во Грција не постои Албанско малцинство (Чами) Рама вели дека во 1940 година во регионот Чамерија живееле 18600 муслимани а во 1946 само 207 со што алудира дека грчката држава ги “исчистиле” Чамите кои што се со исламска вероисповест.

Главниот спор меѓу Албанија и Грција е поради одбивањето на грчката држава да ги врати имотите на протераните Чами кои што слично како и протераните Македонци ги загубиле државјанствата и имотите во јужниот сосед.