Албанскиот премиер, во интервју за весникот „Та Неа“, вели дека не постојат никакви територијални претензии од Атина кон Грција, но дека протераните Чами имаат право на своите имоти.
„Чамите имаат право да го бараат својот имот“, вели Еди Рама во реакцијата по изјавата на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос кој ѝ упати мошне груба закана на Албанија во врска со подршката која Тирана им ја дава на Чамите.
„Албанија треба да си ја затвори устата за прашањето за Чамите ако сака да биде членка на ЕУ“, изјави Павлопулос.
Но, Еди Рама појаснува дека „прашањето на Чамите постои само како прашање за основни права за нашите албански сонародници кои некогаш живееле во земјата и ништо пошироко“.
Според здружението „Чемерија“, историски, Чемерија е територија во Грција во која живееле етнички Албанци, а останала надвор од Албанија на амбасадорската конференција во Лондон 1913 година.
Чемерија ѝ била доделена на Грција, а во 1945 година 35.000 етнички Албанци со православна и муслиманска вероисповед биле истерани поради соработка со окупаторските германски и италијански власти.
“Не верувам дека … овие луѓе немаат право да патуваат и да ја посетуваат Грција или дека тие и нивните деца немаат можност да ги остварат своите имотни права преку судски пат како секој нормален европски граѓанин, додава премиерот Еди Рама.
Истовремено, тој најави дека „сме блиску до постигнување на договор за поморските граници што ќе биде фер и за Албанија и за Грција“, со кој како што е предвидено, Албанија ќе ѝ отстапи 12 милји море на Грција.





