„ Албин е професионален опозиционер. Го чекам денот кога Албин ќе излезе да протестира против сопствената влада“ оценува албанскиот премиер Еди Рама според кој односот со неговиот косовски колега Албин Курти, не секогаш бил добар.
„Единствениот што може да го собори Албин Курти е само Албин Курти“, изјавил Рама за „Национале“.
Според него тоа што Курти формирал партија од неговото движење „Самоопределување“ во Албанија не е ни најмалку нормална работа.
„Не можејќи да ја исполни револуционерната страст, оди во Македонија, доаѓа во Албанија и формира ограноци на неговата партија.
Не можам да кажам дека нема да формирам огранок на мојата партија во Косово, но не можам да замислам да отидам таму да кажам што прави Владата за народот на Косово, а што не прави“, вели Рама.





