Блерант Рамадани, претставникот на коалицијата ВРЕДИ изрази загриженост од недостиг Албанци во специјалната единица „Тигри“.



Тој изрази разочарување за непостапувањето на министрите Албанци на ДУИ, како Агим Нухију и Земри Ќамили, кои не покажаа никаков интерес да се осврнат на незастапеност на Албанц и во единицата „Тигри“, пренесува Telegrafi

Тврди врди дека тоа е голема навреда и негрижа за граѓаните од албанската заедница.

Рамадани изрази уверување дека по следните избори албанските кадри ќе имаат можност да бидат дел од сите нивоа на локалните и централните институции, додавајќи дека напредокот на Албанците ќе се постигне само преку нивната соработка и посветеност во коалицијата ВРЕДИ.