„Сметам дека ДУИ требаше да биде пофлексибилна кога мнозинството беше тенко. Малку даваше од својот капацитет на министри на овие малите партии кои влегоа, а потоа кои излегоа од таа влада.



Така што тој товар повеќе им падна на СДСМ, и се доби еден впечаток дека во владата доминира ДУИ“, изјави Исмет Рамадани од Евроатлатнски сојуз, во „Дејли Клик“ на ТВ21.

„Требаше ДУИ да мисли и за партнерот, затоа што ако губи партнерот, губиш и ти.

Беше стекната перцепција дека резултатот на СДСМ е последица на ДУИ. Исто така имаше и потенцирање на некои работи.

Имаше и такви така да ги нарачам аздисани политичари, и кога имаш ти такви аздисани функционери, најмеродавна вага која ги мери овие работи е некаде скриена во народот“, рече Рамадани.