„Вработувањата што ги вршеше ДУИ, додека беа на власт, не се правеа воопшто согласно со законот. Не беше земана воопшто предвид ниту стручната подготовка на поединецот. ДУИ вршеше вработувања само на свои милитанти, а листите на вработувањата беа филтрирани од локалните шерифи и од Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор. ДУИ и ги продаваше вработувањата. Ним приоритет им беше бизнисот над националното прашање.“ – пишува Реџаил Рамадани, лекар по интерна медицина од Куманово, во својата колумна со наслов „Балансерот и вработувањата на ДУИ“, кои ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија – ИНА.
Натаму, Рамадани истакнува: Законот беше прекршуван, а ДУИ ги дискриминираше албанските кадри. Албанските кадри беа тргани од листите и во она време беа вработувани кадри на ВМРО ДПМНЕ, бидејќи беа во коалиција. Ова го знам од моето искуство со конкурсите: мене ме отстранија и вработија кадар на ВМРО ДПМНЕ.
Оние Албанци, кои не беа од ДУИ, беа отстранувани од листите. Колку што паметам, ова го правеше извесен Насуфи, кој беше секретар во Министерството за здравство.
Затоа, лажни се тврдењата и дневниот патриотизам на ДУИ. Ним приоритет им беше бизнисот над националното прашање.





