„Лидерот на ДУИ Али Ахмети го користеше бандитизмот како метода да им се заканува на противниците, а вработувањата како средство да се одржи на власта. Ахмети владееше со примитивни методи за одржување на власта, но овој народ не ги заслужува таквите методи на владеење.“ – нагласува Реџаил Рамадани доктор по интерна медицина од Куманово во својата колумна, која ја објави весникот на албански јазик „Лајм“.
Покрај другото, во колумната натаму Рамадани истакнува: Али Ахмети исфрлаше во јавноста лажни интелектуалци како декор, како на пример Теута Арифи, Ермира Мехмети, Бујар Османи, Фатмир Бесими. Мотивот на ваквите лажни интелектуалци да се занимаваат со политика беа нивните огромни лични профити.
Челниците на ДУИ располагаа со правото за пропороционална застапеност на Албанците, согласно со Охридскиот договор. Но, правеа многубројни злоупотреби со вработувањата на Албанците и профитираа од власта. Горниот политички слој во ДУИ е потонат во разни коруптивни афери.
Наспроти релативните достигнувања со Охридскиот договор, челниците на ДУИ не инвестираа ништо во економскиот и социјалниот развој, во урбанизацијата, за да се намали миграцијата. Нивното 24-годишно владеење беше примитивно со многу турбуленции. Ги користеа образованите луѓе и интелектуалците само како декор, како луѓе без свое лично мислење, давајќи им потоа привилегии и вработувања.






