Рамадани: Албанците и Македонците не треба да имаат омраза меѓу себе, живеат во една држава и треба да градат добри институции за сите граѓани!

„Албанците и Македонците не треба да имаат меѓуетничкo ривалство, соперништво, туку треба да градат добри институции, кои ќе им нудат услуги на сите граѓани. Судбината е таква што живееме заедно во една држава, затоа е подобро да не се создава омраза, туку треба да се изградат добри институции, од кои граѓаните ќе имаат полза. Но, лидерот, врвот на ДУИ сакаат анархија, сакаат позиции и места, за да крадат!“ – вели Реџаил Рамадани, лекар по интерна медицина од Куманово, во својата колумна со наслов „Врвот на ДУИ сакаат анархија, сакаат позиции, за да крадат!“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.



Рамадани во колумната пишува: Изминатите 24 години биле добри, Албанците ја зеле државата во свои раце, велеше Груби, но сега испадна дека е лошо, оти немаме ништо…

Граѓаните сакаат добри услуги и затоа мора да се изградат соодветни, правилни институции.