Остар судир се случи вчера во емисијата „Пресинг“ на Т 7 на албански јазик меѓу лидерот на ДПА Мендух Тачи и аналитичарот Садри Рамабаја. Двајцата се навредуваа меѓусебно: Тачи го нарече Рамабаја „ќенеф“, а Рамабаја му возврати на Тачи со тоа што го нарече „тотален будала“.На крајот на емисијата Садри Рамабаја му упати повик на Али Ахмети да го отстрани од коалицијата Мендух Тачи, нарекувајќи го „ѓубре“. Оваа информација ја пренесе информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Еве дел од нивниот судир:
Рамабаја: Да беше граѓанин на Косово ќе те тужев веднаш, веќе сум тужел еден друг уличар како тебе. Ти лажеш и воопшто не црвенееш.
Тачи: Каде лажам?
Рамабаја: Лажеш во врска со мене, ќе те тужам на суд и ќе го добијам судењето.
Навредите престанаа за момент, и Тачи му се обрати со зборовите: Ти мислиш дека јас не паметам за нападите?
Рамабаја: Ти си тотална будала!
Тачи: О, Садри, ќенеф, полека, затвори ја устата малку бре!
На крајот на емисијата Садри Рамабаја му упати повик на Али Ахмети да го отстрани од коалицијата Мендух Тачи, нарекувајќи го „ѓубре“. „Се надевам дека граѓаните, кои следеа во Македонија, видоа каков ‘Тројански коњ’ им влегол во коалицијата. Му патувам повик на мојот поранешен пријател Али Ахмети да се ослободи од ова ѓубре, бидејќи им наштетува лошо!“ – кажа Рамабаја.





