Младите репрезентативци на Македонија преку домаќинот Алжир на младинското светско првенство стигна до меч за влез во полуфиналето.
Иако играа против домашен терен а на полувреме Македонија губеше со еден гол (10:11), во вториот дел нашите ракометари одиграа одлично и на крајот славеа со 4 гола разлика.
Неизвесноста траеше до последните десетина минути кога беша направена разлика од три голови по што до крајот рутински Македонија успеа да ја зачува предноста (20:24) која не води меѓу 8 најдобри младински екипи на светот.
Во четвртфиналето Македонија за противник ќе ја има извонредно силната јуниорска селекција на Франција против која немаме што да загубиме, младите ракометни надежи веќе го исполнија планот за светското првенство.
Сепак, квалитетот на Неловски, Кузмановски, Талевски и останатите македонски играчи дава надеж дека и големата Франција не е непремостлив противник.





