Вкупно 13 играчи од денеска се на тренинзите на македонската машка ракометна репрезентација кои во понеделникот започнаа со 4 и се одржуваат во салата Јане Сандански. Кон првичната група се приклучија сите од Металург, сите што играат во Романија, а таа група не е мала и плус голманот на Барселона Борко Ристовски. Собирот се уште го водат помошниците на селекторот Раул Гонзалез кој, пак, доаѓа на почетокот од другата седмица кога ќе пристигнат и сите други повикани кандидати за учество во македонската селекција на Европското првенство во Хрватска. Истото за нас започнува на 13 јануари кога во Загреб се среќаваме со Словенија.