Без поголеми потешкотии Вардар во четврт-финалето го победи Нафт О Гашаран со 30-22 и во полуфиналето оди на Барселона која претходно на отворање на турнирот беше подобра од Есперанца со 42-24. Мечот Вардар-Барса кој е реприза на мечот од последниот Фајнал Фор од Лигата на шампионите во Келн е утре рано попладне и ќе го даде првиот финалист на настанот на кој германскиот Фуксе Берлин е главен кандидат за завршницата од другиот дел од костурот.
Да се вратиме кратко на дуелот на Вардар денеска. Иранците даваа отпор до средината на првото полувреме кога по 8-8 составот на Раул Гонзалез засили за 15-10 на паузата. Потоа веќе Вардар не форсираше иако во еден период се издвои и на 8 разлика, разлика со која и заврши второто четврт-финале. Дуелот Вардар-Барселона е утре во Доха од 16 часот.