Со писмо, професорката Мирјана Најчевска адресирано до Министерството за правда и до останатите членови на Советот за реформи во правосудството, известила дека повеќе не сака да биде во ова тело.
„Изминатиот период јасно покажа дека ова тело е формирано само како параван за решенија кои се носат на друго место и служи за создавање лажна слика дека некаков екпертски тим има влијание врз реформските процеси во правосудството. Фактички, ова тело нема пристап до никакви информации, нема удел во ниту едно реформско решение, и, не учествува во анализите на законите кои се менуваат, порача Најчевска преку социјалните мрежи.
Ова е втора оставка од Советот, информира НоваТВ, откако претходно и професорот Гордан Калајџиев најави повлекување.
Советот за реформи во правосудството е формиран во јули 2017 како дел од владиниот акциски план за реформи 3 – 6 – 9.
Најчевска беше една поистакнатите индивидуи во таканареченат „Шарена револуција“.




