Размена на сигнали меѓу Тахеран и Тел Авив, ќе биде ли Трамп во право за војната на Блискиот Исток

Иран итно сигнализира дека бара крај на непријателствата и продолжување на разговорите за своите нуклеарни програми, испраќајќи пораки до Израел и САД преку арапски посредници, изјавија претставници од Блискиот Исток и Европа за Бил Струга Џурнал.



Како што јавува вебсукот среде жестоката израелска воздушна кампања, Техеран им кажал на арапските претставници дека ќе бидат отворени за враќање на преговарачката маса сè додека САД не се приклучат на нападот, рекле претставниците.

Тие, исто така, испратиле пораки до Израел велејќи дека е во интерес на двете страни насилството да се држи под контрола.

Во меѓувреме израелски извори тврдат дека Иран бара од Саудиска Арабија, Катар и Оман да извршат притисок врз САД да побараат Израел да ја запре војната.

Неофицијално израелски извори додаваат дека Иран е подготвен да го запре процесот на збогатување на ураниум се Израел нема да запре со постигнување на своите цели.

Според изворите за тоа на Израел му се потребни уште седум дена.

Преходно претседателот на САД Доналд Трамп порача дека е можно да дојде до прекин на војната меѓу двете земји.