Поранешниот прв вицепремиер и бивш министер за политички систем и односи со заедниците Артан Груби ја отфрла можноста за радикализација на членството на Демократската унија за интеграција поради тоа што во Владата не е неговата партија, туку „Вреди“.
„Не, апсолутно не. Радикализација не е на дневен ред воопшто. ДУИ не е анархистичка партија, којашто би предизвикала каква било дестабилизација. Не ни е во агенда, не ни е во план и ќе преземеме само демократски мерки за што било да изразиме кон јавноста. ДУИ е конструктивна, државотворна партија“, изјави Груби пред денешната седница на Централното претседателство на ДУИ во тетовска Мала Речица.






