Бугарскиот претседател Румен Радев ги осудува изјавите во Македонија со кои се предлага можна промена на Преговарачката рамка и францускиот предлог за уставни измени.
„Изјавите на водечките политички личности во Р*М, дадени за време на кампањата која е провокативен карактер, не помагаат да се зајакне дијалогот меѓу нашите две земји“, рекол шефот на бугарската држава во разговор со комесарот за проширување и добрососедство на ЕУ Оливер Вархеји кој е во посета на Бугарија.
Вархеји: Македонија да не очќекува промена на преговарачката рамка
Радев смета дека ситуацијата по изборите во Македонија ќе биде таква што ќе овозможи „целосно спроведување на европското решение од јули 2022 година“.






