На прашањето да даде коментар на изјавата на македонскиот премиерт Христијан Мицкоски дека е подготвен да води преговори со бугарскиот колега, Румен Радев рече дека отсекогаш бил отворен за дијалог, но, според него, треба да се прави разлика меѓу дијалог и преговори.



„Преговорите меѓу Бугарија и *Македонија завршија во јули 2022 година, кога двете земји го потпишаа билатералниот протокол за договорот за добрососедство. Ако зборуваме за дијалог, тој треба да се води меѓу * Македонија и Европската комисија и тоа врз основа на прифатената Преговорачка рамка за Северна Македонија, која со консензус, едногласно е усвоена од сите земји членки на ЕУ и е прифатена од Владата на *Македонија – рече Радев во изјава за бугарски медиуми.

Според него, работите се и повеќе од јасни и дека Македонија треба да ги исполни барањата поставени од Европската Унија, а Бугарија, како што рече, може да помага во тој процес.