Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе ја покани претседателката Гордана Силјановска Давкова на средба во Бугарија, бугарскиот претседател Румен Радев вели дека отсекогаш ги повикувал претседателите на Македонија да дојдат во Бугарија, „бидејќи нивниот пат до Брисел минува низ Софија“.
Се надевам, вели Радев, дека „тамошните политичари разбраа дека изборната кампања е завршена и ако деструктивните говори и однесување се претворат во вистински дејствија, тоа значи туркање на нивната земја во изолација“, рече бугарскиот претседател Румен Радев, коментирајќи ги последните пораки од Македонија
Радев очекува дека секој бугарски политичар кој ќе ја претставува Бугарија во Европскиот совет ќе го заштити бугарскиот национален интерес.
„Очекувам да разберат дека Бугарија, Грција и ЕУ им предчуваат дека меѓународните договори мора да се почитуваат. Рамката за преговори мора да се спроведе“, рече Радев.
Според Радев, прашањето меѓу Бугарија и Македонија не е билатерално, туку европско прашање.
„С.Македонија не треба да заборави дека е земја кандидат и не може да поставува услови ЕУ членките.
Не може да ги преиспитува меѓународните договори, бидејќи тоа значи дека како држава не го почитуваат меѓународното право“, изјави Радев за бугарските медиуми.





