Според статутот на Бугарија, претседателот Румен Радев го предложи Димитар Главчев за кандидат за в.д претседател на владата кој би ја водел земјата до шестите по ред вонредни избори.



До ваква ситуација се стигна откако пропаднаа преговорите за ротација во влаадата меѓу партиите ГЕРБ и коалицијата ПП/ДБ.

Во третиот и последен обид согласно Уставот, Радев го додели мандатот на партијата „Има таков народ“на Слави Димитров, најмалата пратеничка група во бугарското Народно собрание, која само по неколку секунди – гои врати.

Радев денеска во 14 часот ќе го прими кандидатот за привремен премиер во претседателската палатаа, од кој ќе побара да предложи состав на привремена влада.