Бугарскиот претседател Румен Радев го отфрли предлог-кабинетот на Горица Грнчарова Кожарева, поради тоа што во него уште еднаш беше предложен Калин Стојанов за министер за внатрешни работи.
Според Радев, доколку не се смени првиот човек на МВР, официјалниот кабинет не може да ја исполни својата задача да организира фер избори.
Тој на Кожарева и даде време до 15:00 часот да претстави нови имиња.
„Во спротивно нема да го потпишам указот. За вас Калин Стојанов е поважен од мирот“, рече Радев.
Кожарева, сепак, категорично одби и отворено изјави дека по голем број средби дошла до заклучок Стојанов да остане на функцијата.
Откако стана јасно дека Кожарева нема да попушти и да го смени Калин Стојанов, претседателот најави дека утре нема да има седница на Народното собрание на која требаше да положи заклетва новиот кабинет.
А, изборите остануваат за после 20 октомври.





