Радев иницира референдум за еврото во Бугарија

Наспроти најавеното истакнување на цените во левови и во евра истовремено во пресрет на очекуваното воведување на заедничката валута на Европската унија в година, бугарскиот претседател Румен Радев иницира референдум.



Бугарија, како полноправна членка на ЕУ, се соочува со стратешка одлука – воведување на единствената европска валута. Во бугарското општество не постои консензус за нашата подготвеност, ниту за датумот на прифаќање, објасни тој во своето вонредно обраќање до народот и до Парламентот.

„Инфлацијата, кризата на доверба во политичката класа, внесуваат тензии во процесите околу воведувањето на еврото. Она што најмногу недостига е почитувањето на основните принципи на демократијата при наметнување на толку важна одлука“, додаде шефот на бугарската држава.

„До Националното собрание поднесувам предлог за одржување национален референдум со прашањето: ‘Дали се согласувате Бугарија да го прифати еврото во 2026 година?’. Референдумот сепак ќе биде здрав за бугарската демократија и ќе овозможи да се слушнат сите аргументи ‘за’ и ‘против’. Сенародното изјаснување ќе врати илјадници Бугари кон гласачките кутии. Референдумот ќе придонесе за развој на национален консензус за прашањето за еврото и ќе ги спречи сите одлуки донесени без поддршка од мнозинството“, нагласи Радев.