Денеска во 11:00 часот, претседателот на Бугарија Румен Радев ќе го врачи мандатот за формирање влада на кандидатот за премиер, предложен од втората по големина пратеничка група во 50-тото Народно Собрание – „Продолжуваме со промената- Демократска Бугарија“( ПП-ДБ)



Но, веќе е познато дека „Продолжување на промената – Демократска Бугарија“ ќе го земе и ќе го врати мандатот, откако пропаднаа нивните обиди да формираат влада која би била поддржана од мнозинството во бугарското национално собрание.

Претходно, мандатот го прими и го врати најмногубројната партија ГЕРБ на Бојко Борисов.

Според одредбите од бугарскиот Устав, по враќањето на тој мандат за формирање влада, претседателот на државата во рок од седум денови и наложува на следната по бројност пратеничка група да предложи кандидат за премиер.

Во случај и тие да не успеат да формираат редовен кабинет, претседателот закажува нови избори и именува нов привремен кабинет