Бугарија оди кон нови избори. Сите надежи за формирање влада од 50-то Народно собрание пропаднаа, откако денеска партијата ИТН на Слави Трифонов го врати нереализираниот трет мандат.



Мандатот претходно беше одбиен од ГЕРБ на Бојко Борисов и од „Продолжуваме со промената“ на копретседателот и екс -премиер Крил Петков.

По овој неуспех, шефот на државата мора да закаже предвремени парламентарни избори во рок од два месеци.

Тоа би значело ново гласање најверојатно на 6 или 13 октомври, пишуваат бугарски медиуми.

Ова ќе бидат седми парламентарни избори кај нас во последните три години.

Претседателот веќе размислува кого да избере за следен привремен премиер.

Пред претставниците на ИТН денеска изјави дека ќе ја покани претседателката на Народното собрание, Раја Назарјан, која според измените во Уставот е вклучена во листата на високи државни службеници, од кои Радев може да именувај премиер.

Назаријан минатата недела рече дека ќе одбие доколку претседателот ѝ ја понуди функцијата. Но, Радев сега посочи дека првиот човек на парламентот е единствениот потенцијален кандидат за премиер со кој не разговарал за можностите за влада и затоа денеска ќе ја покани.

Инаку, шефот на државата изрази загриженост што продолжува спиралата на безуспешни избори.

Според него, тоа предизвикува иритација кај граѓаните, ги отуѓува од изборите како демократски механизам и ги тера да се сомневаат во парламентаризмот…