Новата власт кај нашиот сосед јасно покажа дека најголемиот страв на политичката класа во оваа држава е да го препознае самото постоење на зборовите „Бугарин“ и „бугарски“ во РСМ, изјавил бугарскиот претседател Румен Радев, пишуваат бугарски медиуми како што пренесе „Макфакс“.



„Но денес конечно маските паднаа“ изјавил Радев.

„Ова е политика насочена директно против европските принципи и донесени одлуки со консензус на сите земји-членки против меѓународните обврски преземени од РСМ, но особено против сопствените граѓани, кои јасно ги декларираа своите амбиции за европски развој на земјата.

Очекувам итни конкретни дејствија и од бугарската влада и од европските институции за почитување на европските принципи и норми во процесот на проширување, за гарантирање на неповратност и одржливост во афирмацијата на принципите на демократијата и главните критериуми во почитувањето на човековите права.

Ако ЕУ не се заложи за европската перспектива на Балканот, врз основа на јасни принципи, норми и вредности, тогаш порано или подоцна Балканот ќе ја соочи Европа со балканизација“, рече претседателот Румен Радев, пишуваат медиумите во Бугарија.