Два од трите македонски тима кои тргнаа во летната авантура во фудбалската Лига Европа се уште се во игра и денеска треба да ги имаат реванш средбите од второто квалификациско коло. Станува збор за гостувања, Работнички во Белорусија, а Шкендија во Финска, со тоа што романтичарите имаат лош резултат од домашниот дуел со Динамо Минск (1-1), а тетовци минатиот четврток во Струмица создадоа осетни два разлика против Хелсинки (3-1).



Треба да одиграме многу подобро отколку на првиот меч во Скопје, а доколку први го отвориме резултатот, мислам дека ќе бидеме блиску до целта” изјави капитенот на Работнички Душко Трајчевски пред заминување за средбата со Динамо Минск која денеска се игра во терминот од 17 часот.

“Имаме резултат кој ветува и затоа во реваншот против Хелсинки влегуваме крајно оптимистички за да се пласираме во третото коло. Нема да се браниме, напротив, ќе ја играме онаа нашата препознатлива игра” издвои шефот на стручниот штаб на македонскиот вицепрвак, Ќатип Османи за возвратниот дуел со Хелсинки кој започнува во 18 часот.

Македонскиот клупски фудбал веќе го има Вардар во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, но никогаш претходно немал три екипи во таа рунда во Европските купови.