Експертот за безбедност и за Блискиот исток кој десетина години живее во Македонија Раби Седрак открива што стои во позадината на невидениот скандал во историјата на војувањето, како што тој го нарекува поразот на Иран во вчерашниот напад на Израел.
Раби Седрак кој е дел од Институтот за меѓународни стратешки и безбедносни студии предупредува дека светот се соочува со најопасната ситуација во историјата на Блискиот Исток.
Пишува: Раби Седрак
Нападот што Израел го започна против Иран не беше само воена операција, тоа беше невиден скандал во историјата на војувањето!
Во само еден напад, Израел ги елиминираше иранските воени лидери и нуклеарни научници без Иран да испука ниту еден куршум против Израел!
Катастрофата не беше во бројот на авиони, прецизноста на нападите или бројот на елиминирани лидери. Катастрофата беше што целиот напад започна од самиот Иран.
Да објасниме што се случи во изминатите 24 часа, како беше извршен нападот, неговите последици и како се случи безбедносен, разузнавачки и воен колапс во Иран за кој никој не можеше да замисли дека ќе достигне ова ниво.
Денеска, 13 јуни 2025 година, ќе биде запишан во историја како денот на иранскиот пораз.
Цел Техеран спиеше. Повеќето од неговите лидери, нуклеарни експерти и воен персонал спиеја во своите домови, иако целиот свет знаеше дека Израел планира сеопфатен напад против нив Израел. Не прашуваме зошто.
Важното е дека додека спиеја, одеднаш 200 воени авиони од сите типови: Ф-35, Ф-15 и Ф-16, влегоа во иранскиот воздушен простор и прелетаа над иранското небо без предупредување, без пресретнување и без никаков отпор. Додека минуваа, експлозии почнаа да се слушаат низ целата држава.
Сред овие експлозии и конфузијата меѓу раководството и луѓето кои немале поим од каде доаѓа нападот, одеднаш се појавуваат дронови на небото.
Никој не знаеше од каде доаѓаат. Експлодираа во домовите, станбени комплекси и воени области. Сред сето тоа, иранската одбрана беше целосно надвор од функција, а ниту една ракета не беше испукана кон израелските борбени авиони.
Зошто?!
Мосад имаше поставено агенти во земјата кои беа способни да ги нападнат радарите и одбранбените батерии и да уништат голем број од ракетните системи пред да може да се изврши воздушниот напад!
Овие агенти биле стационирани во Иран од повеќе од една година од страна на Мосад. Тие се инфилтрирале во населението и се вклопиле, работеле, јаделе и пиеле како да се обични Иранци. Тие шверцувале експлозивни дронови, водени ракети и опрема за команда и контрола со нив, а можеби со помош на опозицијата!
Уште позачудувачки и незамисливо е дека израелците изградиле цела база за беспилотни авиони, комплетна со камикази дронови, скриени во куќи и магацини во Техеран, под окото на иранските безбедносни сили, без никој да ги забележи! Оваа база била отворена ноќта на нападот, а од неа излегле дронови за да уништат дел од иранските батерии за воздушна одбрана и делумно да ја неутрализираат нивната способност да го спречат израелскиот напад.
Операцијата не беше само бомбардирање, туку систематско ловење на ирански големи лидери. Командантите на иранските воздухопловни сили добија лажни мобилни пораки со кои беа поканети на итен состанок во таен штаб за да подготват одговор на потенцијален израелски напад и штом пристигнаа, влегоа во штабот и одеднаш, штабот беше погоден од водечка ракета и избришан од мапата.
Кој беше убиен?
Како што спомнав преходно, началникот на генералштабот на иранската армија, командантите на револуционерната гарда, шестмина од најистакнатите научници во нуклеарната програма, предводени од Ферејдун Абаси, поранешниот шеф на организацијата за атомска енергија на Иран и други имиња што го претставуваа темелот на безбедносниот систем и првиот ранг на иранското воено раководство.
Се ова, покрај десетиците локации што беа уништени, вклучувајќи постројки за збогатување ураниум, магацини за ракети, па дури и тајни штабови чие постоење иранската влада го негираше! Кратко кажано – безбедносен скандал. Ова не беше само неуспех на иранската разузнавачка служба, туку пад и уништување на престижот на цела земја. Иран целосно ја изгуби контролата врз своето безбедносно и разузнавачко влијание.
Исто така, постојат информации дека дури и големите авиони (тенкерите) кои ги полнеле израелски воени авиони во воздух биле големи, бавни Боинг 707 невозможно е да го пробијат воздушниот простор на земјите што ги разделуваат Израел и Иран без да бидат откриени или пресретнати. Што значи тоа?
Ова значи дека постои голема веројатност дека арапските земји им дозволиле на израелските авиони да го користат нивниот воздушен простор за да го започнат овој напад. Тие веројатно можеле да го користат сирискиот воздушен простор бидејќи Сирија повеќе нема капацитети за воздушна одбрана, па затоа не би можеле да го спречат. И никој не знае дали другите арапски земји дозволиле нападот да помине
Зошто Иран не можеше да одговори?
Едноставно кажано, Иран стана нестабилна и внатрешно поделена држава, особено после последните конфликти, плус етничките поделби, од Курдите на запад, до Арапите на југ, до Балуџите на исток, а да не ги спомнуваме илјадниците Бани Лиша кои живеат таму, се ова олеснува странско влијаење. Дури и самиот политички систем ја изгуби легитимноста кај голем процент од населението по протестите во 2022 година.
Самата иранска разузнавачка служба стана повеќе исплашена од сопствениот народ и се фокусираше на него отколку на своите непријатели.
Израел го знаеше ова многу добро. Затоа не се потпираа само на напади однадвор, туку инвестирала во долгорочно трпение и решија да ја играат играта одвнатре. Израел постави агенти и скриени ќелии во секоја дупка во иранската географија, политика и демографија. Значи не само уништување на нуклеарната програма туку нивната цел сега стана да го уништат иранскиот режим и самата држава одвнатре, трансформирајќи го во парализиран ентитет неспособен да се бори и да се одбрани.
Ако Иран не одговори на тоа што се случува, дали тоа ќе значи дека ова е крајот на сегашната иранска држава каква што ја знаеме? И тоа што е поважно, дали другите земји во регионот се подготвени на поголем конфликт ако одлучи Иран да влезе во отворена војна со Израел? Ќе видиме во наредните часови…
Поврзана содржина
Експертот стациониран во Македонија предупредува
Раби Седрак: Светот се соочува со најопасната ситуација во историјата на Блискиот Исток






